Полската амбасада во Македонија и организацијата „Equality“ потпишаа договор денес за изградба на „Парк за еднаквост“ во Скопје. Паркот ќе биде изграден во населбата Кисела Вода и ќе биде наменет за лицата со посебни потреби.
-Вакво нешто не постои никаде во Македонија. Ја видовме потребата да се создаде такво место во македонската престолнина, што претседателот на „Equality“, Гере Трипков, само ја потврди. А, бидејќи сакаме да работиме со позитивни луѓе, ние ги активиравме нашите контакти и го добивме! Изградбата ќе започне наскоро, а за неколку месеци ќе ги објавиме резултатите, соопштија од амбасадата на Полска.
Од невладината организација порачаа дека инкулизноста не е луксуз и дека дека со гордост го најавуваат почетокот на многу значаен проект што ќе го промени изгледот на Град Скопје и ќе биде мотив плус за нивната заедница.
– Овој интергациски и инклузивен парк е замислен како безбеден, достапен и инспиративен простор за сите, вклучително и за лицата со попреченост, каде сите ќе можат да се дружат, забавуваат, релаксираат и социјализираат. Проектот настана како резултат на соработка со Амбасадата на Полска, која ја препозна важноста на создавање на еднакви можности и хумани вредности, без разлика на неговите физички или интелектуални способности. Во Паркот на еднаквост ќе има :
– пристапни патеки и игралишта
– интерактивни и сензорни содржини
– зони за играње пристапни за лица со мобилна попреченост
– простори за културни и едукативни настани
– аудитивни табли за лица со оштетен вид
Нашата визија е јасна! Да изградиме простор што ја слави различноста и ги урива бариерите. Паркот ќе биде симбол на општество што се грижи, препознава и прифаќа, порачаа од невладината организација.