ПОЛСКИ ГЕНЕРАЛ: „Русија создава нова армија, ќе ги нападне балтичките земји кон крајот на оваа или почетокот на следната година“

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Украина нема шанси да победи против Русија, тоа е чиста илузија. Русија не губи, сепак има предност во воздушниот простор, а Кремљ сака да го истреби украинскиот војник.

Ова се зборовите на Леон Коморницки, пензиониран полски генерал и поранешен заменик началник на Генералштабот на полските вооружени сили, кој во интервју за порталот „Интериа“ ја коментираше актуелната ситуација и мировните преговори, но најави и потенцијален следен потег на рускиот претседател Владимир Путин.

Коморницки злокобно предвидува дека балтичките земји, Естонија, Летонија и Литванија, би можеле да бидат на воениот радар на Путин веќе на крајот на оваа година или на почетокот на годината.

– Треба да ја завршиме војната, да потпишеме мировен договор и да си дадеме стратешка пауза. Ова ќе купи време на Европа и на САД, но Русија го има цело време бидејќи зад кулисите на бојното поле гради огромна армија. Ако не се постигне мир и ако дојде до раскол во НАТО, Русија ќе ги нападне балтичките земји. Ова може да се случи на крајот на оваа година или на почетокот на следната година. На нивната агенда им е инвазија – изјавија Коморнички.

„Зар нкој нема да ги брани овие земји“, го праша новинарот Јакуб Шчепански.

– Кога Велика Британија неодамна организираше состанок во Лондон, балтичките земји, чудно, не беа поканети. Очигледно е дека европските лидери веќе размислуваат за сценарија во кои Русија ги напаѓа Литванија, Латвија и Естонија. Ќе им помогне ли Европа на своите сојузници ако САД не го активираат членот 5 од НАТО алијансата? Нека секој сам си одговори на ова прашање, користејќи логично размислување.

Коморницки ги коментираше најавите на Урсула фон дер Лајен дека ќе бидат инвестирани 800 милијарди евра како дел од европскиот план за вооружување.

– Парите не се борбена способност. Зборуваме за тоа што се случува сега, а не за една деценија. Прашањата кои сега се важни се како да се изгради база? Кој ќе се грижи за тоа? Ќе преовлада германската или француската индустрија за оружје? Што е со нашата полска индустрија? Зошто Канада се откажува од Ф-35? Затоа што се свесни дека во секој момент може да го изгубат пристапот до шифрите што ги поседуваат Американците, вели тој.

На прашањето „дали САД имаат право да ја уценуваат Европа“, тој одговори:

– Не уценуваат, само и покажуваат каде и е местото. Ако сте подготвени да не замените, направете го тоа, преговарајте со Русија, снабдете ја Украина за борбата. (…) Украинците ги развиваат сопствените способности, но нема да го достигнат тоа што го има Русија. Треба да се напомене дека само еден руски контингент се бори зад нашата источна граница. Мнозинството се подготвува за нова војна, истакна генералот.

Слични содржини