Полски министер: Американскиот ПРО систем во северна Полска може да се користи и за заштита од Русија

од Nikola Popovski
31 прегледи

Американскиот систем за противракетна одбрана во базата на НАТО во северна Полска може да се користи и за заштита од Русија, изјави полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш за ТВН24.

„Тој систем ќе ја заштити Полска. Пред се е насочен кон Иран и Северна Кореја. Но, на таа црна листа, а таа е проширена, ја има и Русија“, рекол Косињак-Камиш, иако директно не одговори на прашањето дали системот може да ја заштити земјата и од руски ракети.

„Системот заштитува од специфични видови ракети. Ќе делува во неколку насоки и само толку можам да кажам“, кажал министерот.

Да потсетиме дека во средината на октомври полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски зборуваше за договорот со САД кој предвидува инсталирање на ПРО систем во Реџиков кој ќе може да соборува руски ракети кои летаат кон Полска, а не само ирански ракети насочени кон САД.

Базата беше отворена во средата во присуство на полскиот претседател Анджеј Дуда и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Во него се распоредени радари „AN/SPY-1“, системи за лансирање „Mk 41 VLS“ и антибалистички ракети „SM-3“.

Слични содржини