293
Полскиот министер за надворешни работи Радек Сикорски денеска изјави дека присуството на силите на НАТО во Украина „не е незамисливо“ и дека ја цени позицијата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој не ја отфрлa идејата.
Сикорски ова го изјави за време на дискусијата по повод одбележувањето на 25-годишнината од членството на Полска во НАТО што се одржа во петокот во полскиот парламент, а полското Министерство за надворешни работи ги објави неговите коментари на својот профил Х, пренесува АП.
„Присуството на силите на НАТО во Украина не е незамисливо“, рече Сикорски и ја пофали иницијативата на Макрон, додавајќи дека „се работи за тоа (рускиот претседател Владимир) Путин да се плаши од нас, а не ние да се плашиме од Путин“.