Полски пратеник: Орбан ни предложи да си ја поделиме Украина

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан и предложил на Варшава да си ја „поделат Украина“. Ова го изјави полскиот пратеник Славомир Нитрас, цитиран од страна на новинските агенции.

„За време на украинската криза Орбан не убедуваше да ја превземеме земјата и да ја поделиме“, ги цитираат зборовите на Нитрас полски медиуми.

Полскиот пратеник го утврди унгарскиот премиер како „многу опасен и умен човек“, кој се стреми кон ревидирање на европските граници. Сепак, Нитрас не разјасни кога и каде Орбан го направил релевантниот предлог.

Тензиите меѓу Киев и Будимпешта се појавија заедно со носењето во Украина на нов образовен закон кој суштински ги ограничува можностите за учење на јазиците на националните малцинства во земјата. Ова се случи во 2017 година, потсетуваат агенциите.

Во октомври 2018 година, Киев ги објави унгарските конзули за персона нон грата. Причината: во Киев беа револтирани од одлуката на унгарскиот конзулат да им даде на Украинците кои живеат во Закарпатската област унгарски пасоши. Будимпешта одговори со истата мерка и, исто така, му се закани на Киев дека ќе ја попречи европската интеграција на земјата.

Во позадина на зголемените тензии, Орбан ја објави неможноста за соработката меѓу двете земји. Неговата изјава беше причина украинското Министерство за надворешни работи да поднесе протестна нота до унгарскиот амбасадор.