Полски војник загина во близина на границата со Белорусија

од Nikola Popovski
645 прегледи

Припадник на полската армија загина во реонот на полско-белоруската граница.

Според изјавата на командантот на 17. полска механизирана бригада, која на Твитер ја пренесе портпаролот на министерот за координација на специјалните служби Станислав Зарин, смртта на војникот е несреќен случај.

Се додава дека истрагата ја води Воената полиција. Според првичните сознанија, несреќата била предизвикана од несреќен истрел од службено оружје, а како што се наведува, „трето лице“ не учествувало во настанот.

Војникот бил дел од резервниот состав и не учествувал директно во задачите на полско-белоруската граница. Пред неполна недела бил ангажиран на границата, а немал контакт со мигрантите.

Да потсетиме, бегалците кои кампуваат во пограничната зона останаа заробени меѓу белоруските и полските граничари во последните неколку дена.

На границата меѓу Белорусија и Полска има околу 2.000 бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан. Поради тоа Полска неодамна испрати воено засилување на границата.

 

Слични содржини