86
Долниот дом на Парламентот во Полска одобри нацрт закон за ослободување од данок на доход за млади под 26-годишна возраст.
Документот го поднесоа владејачката партија Право и правда и е поддржан од 419 пратеници во Сејмот. Четворица гласаа против.
Согласно текстот, приходите на лица ако не се над 85.500 злоти бруто (20.000 евра) нема да бидат одданочени со данок што во Полска е 18 отсто.
Мерката треба да ја одобри и Сенатот и потпишана од претседателот и се очекува да влезе во сила од 1 август.