Полскиот премиер: Ако Орбан не ги поддржи санкциите, јасно е дека е на страната на Путин

од Nikola Popovski
326 прегледи

Полскиот премиер Доналд Туск му се закани на унгарскиот премиер Виктор Орбан со последици доколку Унгарија ги блокира антируските санкции.

„Ако премиерот Виктор Орбан навистина ги блокира европските санкции во клучен момент од војната, тогаш ќе биде апсолутно јасно дека тој, во оваа голема битка за безбедноста и иднината на Европа, игра на страната на Путин, а не на нашата. Со сите последици што произлегуваат од тој факт“, напиша Туск на социјалната мрежа „Х“.

Да потсетиме, Орбан претходно изјави дека вкупната штета што ја претрпела Унгарија поради санкциите против Русија изнесува повеќе од 18 милијарди евра, и дека Будимпешта поради тоа „ја повлече кочницата“ и бара од ЕУ да ја разгледа соодветноста за продолжување на санкциите.

Според Орбан, санкциите против Русија ќе бидат продолжени само ако Украина го врати транзитот на гас, ги запре нападите на гасоводот Турски тек и престане да го попречува транзитот на нафта.

Висок извор од ЕУ за новинарите во Брисел изјави дека ЕУ верува дека економските санкции против Русија би можеле да бидат продолжени на 27 јануари и дека разговорите се во тек.

Според него, продолжувањето на санкциите против Русија ќе го отвори патот за почеток на координацијата на 16-тиот пакет санкции, што Брисел сака да го официјализира на 24 февруари.

Во моментов, санкциите важат до 31 јануари, а треба да бидат продолжени до 31 јули 2025 година.

Слични содржини