Полскиот претседател ја продолжува дводневната официјална посета на Македонија

од Nikola Popovski
359 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во официјална посета на Македонија. Синоќа тој беше пречекан од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на скопскиот аеродром.

-Оваа посета преставува потврда на традиционалното пријателство меѓу Македонија и Полска, кое неодамна е засилено и со нашето сојузништво во НАТО. Особено ја цениме искрената поддршка за европската интеграција на нашата земја, преку кои го засилуваме нашите пријателски врски, истакна министерот.

Денес Дуда ќе биде пречекан со највисоки државнички почести од шефот на државата Стево Пендаровски во Вилата Водно, каде што ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следат пленарни разговори на делегациите на двете земји. Двајцата претседатели по средбите ќе одржат заедничка прес-конференција. Дуда и Пендаровски денеска ќе се обратат и на отворањето на Полско-македонскиот економски форум, што ќе се одржи во хотелот Мериот во Скопје.

Во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот Дуда ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на Владата Зоран Заев.

Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на Македонско-полсиот бизнис форум што ќе се одржи во хотел Мериот.

Слични содржини