159
Полската противвоздушна одбрана не успеа да ja собори украинската ракета која падна на нејзина територија, соопшти претседателот на Полска, Анджеј Дуда.
„Падна ракета. Шест километри од нашата граница, во поле, но сепак на наша територија. Успеавме ли да ја пресретнеме? Не. Тоа е вистината. Ниту една земја во светот нема таков одбранбен систем што би ја заштитил целата територија на земјата, особено на толку кратко растојание од границата, доколку таму нема стратешки објекти“, изјави Дуда за време на конгресот во Жешов, пренесоа полските медиуми.
Како што додаде, падот на украинската ракета, при што животот го загубиле две лица, бил „несреќен случај“.