Полу-тркалото (Halfbike), проект на двајца бугарски архитекти – Мартин Ангелов и Михаил Јаворов, бил напуштен во фиоката. Но, ете, од минатата година повторно беше обновен.

Станува збор за хибриден модел возило за урбана средина, што всушност е половина од познатиот велосипед. Производството е веќе започната и неколку пратки веќе пристигнаа до клиентите

Полу-тркалото зазема значително помалку простор, лесно е за движење и паркирање. Во исто време ќе ви ја заврши работата, па дури и подобро, од обичниот велосипед. Тоа е со уникатен дизајн, со интересно виткање, со едно предно големо тркало и две мали задни тркала. Располага и со две многу мали рачки за управување. Управувањето всушност е со ротацијата на рачките на лево или на десно, а со движења на телото.

Идејата за овој вид транспорт доаѓа на Мартин, кога тој се пресели во помал стан и требало да остава својот велосипед во подрумот. Тоа беше целосно непрактично. Двајцата дипломирани архитекти почнаа да скицира и да разговараат проектот за полу-тркалото уште во 2009 година Првиот прототип го направиле од стар велосипед и тој воопшто не бил лесен за возење, потсетува на историјатот на полу-тркалото сајтот karas4training.com .
До овој момент двајцата пронаоѓачи добиле речиси половина милион долари од пред-нарачки и субвенции, па производството е веќе започнато и неколку пратки веќе пристигнаа до клиентите.