Полубратот на Меган Маркл кон Хари: „Ќе ти го уништи животот“

од Vladimir Zorba
330 прегледи

Томас Маркл Џуниор (55) ја нарече својата полусестра, војвотката од Сасекс, „плитка“ во првиот трејлер за австралискиот „Големиот брат“, во кој е еден од 12-те „славни“ натпреварувачи.

Според британските медиуми, Томас се опишува себеси како „најголемиот брат од сите“ во видеото објавено на Твитер во неделата, а исто така се фали со предупредувањето до принцот Хари да не се жени со Меган.

Како што и самиот вели, му рекол на принцот Хари: „Мислам дека ќе ти го уништи животот. Многу е плитка“, истакна Томас во видеото.

Во пресрет на кралската венчавка на двојката во мај 2018 година, Томас испрати остро писмо до Хари, во кое го предупреди принцот дека „не е предоцна да се откаже“, пренесува „Пејџ Сикс“.

Тој, исто така, во писмото навел дека Меган „очигледно не е вистинската жена“ за Хари и додаде дека актерката се однесува „како лоша холивудска принцеза“.

Треба да се напомене дека Томас Џуниор не бил поканет на венчавката на војводата и војвотката од Сасекс – ниту неговата сестра, Саманта Маркл.

Слични содржини