Полунеформална средба меѓу рускиот митрополит Антониј и архиепископот Стефан, организацијата е на Светиот архијерејски синод

од Nikola Popovski
191 прегледи

Во тек е средбата меѓу рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, информираат за „Локално“ од Кабинетот на поглаварот на МПЦ.

Засега не се откриваат повеќе детали, освен дека средбата е од полунеформален карактер.

-Средбата е во тек, тоа е полунеформална средба. Сега засега не можеме повеќе да кажеме затоа што организацијата е на Светиот Архијерејски Синод (САС). Наскоро ќе има соопштение, кратко додадоа од таму.

Посетата на митрополитот Антониј се случува во време кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.

МПЦ-ОА во мај минатата година по повеќе од половина век се врати во канонско единство со останатиот православен свет и доби томос за автокефалност од Српската православна црква (СПЦ).

На 25-ти август, Светиот синод на Руската православна црква ја призна МПЦ-ОА како автокефална сестринска црква.

Слични содржини