Полжавчиња со ајвар и кашкавал

од Stefanija Kuzmanovska

Лиснато пециво со ајвар и сирење.

Состојки:

– 500 гр свежо лиснато тесто

– 200 гр кашкавал

– 1 јајце и 1 лажица млеко за премачкување

– ајвар

Подготовка:

Купеното свежо лиснато тесто обично е веќе пуштено, па само треба да го извадите од пакувањето.

Потоа избодете го со чепкалка за заби. Премачкајте го со ајвар, ставете кришки кашкавал или изрендајте го. На крај внимателно завиткајте го тестото.

Со остар нож претходно натопен во брашно, тестото се сече на кругови со дебелина од два до три сантиметри.

Ставете го во плех обложен со хартија за печење и погрижете се да оставите малку простор меѓу нив бидејќи тестото ќе нарасне за време на печењето.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Јајцето и една лажица млеко изматете ги убаво, па со него премачкајте ги полжавчињата.

Ставете го плехот во загреана рерна и печете помеѓу 10 и 15 минути, додека полжавчињата не добијат златно жолта боја.

Слични содржини