Помага за намалување на стресот: Еве зошто е добро да се туширате со ЛАДНА ВОДА

од Stefanija Kuzmanovska
327 прегледи

При високи температури, туширањето во ладна вода често е најбрзиот и најлесниот начин за ладење, а лекарите велат дека студениот туш – што значи вода поладна од 21 степен C – има и некои други придобивки:

Го подобрува расположението

Хидротерапијата со ладна вода има ефект врз расположението, сличен на оној од земањето на антидепресиви. Доволно е да се туширате со ладна вода по 2-3 минути секој ден и по околу две недели ќе ја забележите промената.

Ги смирува болките во мускулите

Ако сте се напрегале со исклучително тежок тренинг, може да го намалите воспалението и болката со помош на ладен туш. Во случај да има конкретно место во вашето тело, каде доживувате најсилна болка, тогаш насочете го млазот ладна вода токму кон него. Обидете се да останете така барем пет минути. Зголемениот прилив на крв во областа може да помогне во обновување на оштетеното мускулно ткиво.

Ја прави кожата поубава

Најдобар начин да постигнете подобар изглед на кожата, е ако се капете на вообичаениот начин и на крајот се разладите со ладен туш. Ниската температура на водата ќе ѝ помогне на кожата, бидејќи ги затвора порите, ја намалува можноста за црвенило, како и подуеност под очите. Студениот туш дефинитивно ќе ја направи вашата кожа да изгледа мазна и прекрасна.

Ја прави косата посјајна

Кутикулата на влакното може да се исуши повеќе ако се туширате со топла вода. Затоа миењето на косата со ладна вода по нанесувањето на балсам ќе ја направи сјајна и мазна. Благодарение на пониската температура на водата, во вашата коса ќе се задржи повеќе влага.

Помага за намалување на стресот

Иако капењето со ладна вода може да ви се чини како многу шокирачко и стресно, всушност ладниот туш има релаксирачко дејство. Тој го забавува брзото темпо на срцето, а редовниот студен туш ќе ви обезбеди поголема отпорност на стрес.

Слични содржини