Измените и дополнувањата на Законот за азиланти вчера поминаа на Владата, а се очекува во понеделник да бидат ставени по итна постапка на дневен ред во парламентот
Законските измени предвидуваат на влез во државата бегалците да може да се пријават кај полицијата и со тоа да добијат период од 72 часа за слободно да се движат низ земјавата, време во кое или ќе побараат азил или ќе ја напуштат државата.
Ова значи и дека тие ќе може да го користат јавниот превоз, а ќе бидат и позаштитени од криминалните групи, и секако корист за државата што ќе може да контролира и да евидентира кој се влегува во државата.
Вчера е формирано и координативно тело составено од министрите за внатрешни работи, надворешни работи, труд и социјална политика, здравство и за локална самоуправа, кое ќе ги следи состојбите на дневна и неделна основа и ќе предлага превземање мерки за решавање на проблемите поврзани со транзитирањето на мигрантите низ земјава.