Помошник на Мурињо: Ќе бевме шампиони со Јунајтед, ако Сити не мамеше

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Рикардо Формосињо, поранешен помошник на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед, верува дека Јунајтед ќе бил шампион на Англија во 2018 година, доколку Манчестер Сити не мамел.

Подоцна беше откриено дека Сити го нарушил финансискиот фер-плеј таа сезона. Првично беше исфрлен од сите европски натпреварувања, но на крајот таа казна беше намалена на парична.

„Ние не бевме шампиони во Премиер лигата, но ги освоивме Лига Европа, Купот Карабао и Суперкупот. Се боревме со Сити, подоцна се виде дека тие не го почитуваат фер-плејот, инаку ќе бевме шампиони“, смета Формосињо.

Слични содржини