249
Висок помошник на Володимир Зеленскиј изјави дека предложениот мировен план на Киев е единствениот начин да се стави крај на руската инвазија.
Главниот дипломатски советник Ихор Жовква рече дека Украина не размислува за прекин на огнот што и дозволува на Русија да ги задржи своите територијални придобивки.
Тој рече дека Киев сака да го примени Украинскиот мировен план од 10 точки – кој бара целосно повлекување на руските војници.
Кина, Бразил, Ватикан и Јужна Африка во последните месеци изнесоа, можни мировни планови за конфликтот.
Но Жовква рече: „Не може да има бразилски мировен план, кинески мировен план и јужноафрикански мировен план кога зборувате за војната во Украина“.