Помошта од 1.000 денари ќе се исплаќа на трансакциските сметки

од Берта Китинска
286 прегледи

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во вечерашното гостување во вестите на ТВ Сител, рече дека помошта за пензионерите и за примателите на гарантираната минимална помош ќе биде исплаќана директно на трансакциските сметки а не со ваучери.

Таа информираше дека со владината одлука околу 330.000 пензионери и 36.000 домаќинства приматели на гарантирана минимална помош ќе земаат дополнителни 1.000 денари за месеците март, април и мај.

Очекува измените во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што поскоро да ја поминат собраниската процедура, за да може помошта да биде исплатена според најавеното темпо.

„Нема да има ваучери, туку по 1.000 денари во наредните три месеци пензионерите ќе добиваат на своите трансакциски сметки, заедно со исплатата на пензиите. Овие финансиски средства ќе можат да ги искористат за купување на прехранбени производи, за сметките за струја или за нешто друго. За да стасаат парите што поскоро и до граѓаните кои се приматели на гарантирана минимална помош, исплата по 1.000 денари во наредните три месеци исто така, најверојатно ќе се изврши преку трансакциските сметки, заедно со исплаќањето на правото на ГМП. Во месеците март, април и мај околу 36.000 домаќинства ќе добијат дополнителни 1.000 денари, како дел од сетот на владините 26 мерки за полесно справување со кризата, во која се наоѓа, не само нашата држава, туку и другите земји во светот. Доколку исплатата се прави со ваучери, тогаш постапката би траела многу подолго, рече министерката Тренчевска во интервјуто за ТВ Сител.

Слични содржини