Помпео и Ал Халбуси: Неопходно е да се намалат тензиите во Ирак и регионот

од Aleksandar Petrovski
153 прегледи

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и претседателот на ирачкиот Парламент Мохамед ал – Халбуси денеска се согласија дека е неопходно да се намалат тензиите во Ирак и регионот, по американскиот напад во кој е убиен најмоќниот ирански генерал Касим Сулејмани, соопшти Стејт департментот.

– Помпео изрази благодарност до ал-Халбуси за трајното партнерство со САД, се наведува во соопштението и се додава дека соговорниците се согласиле за важноста за намалување на тензиите во Ирак и во регионот.

Слични содржини