Помпео: Ќе биде платена огромна цена ако извештаите за Русија се точни

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека го известил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека, како што рече, „ќе биде платена огромна цена“ ако разузнавачките извештаи покажат дека Русија уценувала глави на американски војници во Авганистан, се точни.

Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), Помпео рече дека за тоа разговарале и претставниците на американската армија со високи руски претставници.

Њујорк Тајмс кон крајот на јуни објави дека руската разузнавачка агенција наводно плаќала борци блиски на Талибанците за успешно извршување на напади врз американските трупи и други членови на силите на НАТО.

На прашањето дали им верува на тие извештаи, Помпео одговори: „Ние го разјаснивме тоа. Знаеме дека Русите во минатото ги вооружувале Талибанците, знаеме дека Иранците денес сè уште ги вооружуваат“.

Помпео исто така истакна дека Соединетите држави јасно ги кажале своите очекувања на секој од нив и дека ќе сторат сé што е потребно за да го заштитат и бранат секој американски војник и војниците на која било земја што е дел од мисијата на НАТО во Авганистан.

Слични содржини