Помпео: Кина можеше да спречи стотици илјади смртни случаи

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Кина можеше да ја спречи смртта на стотици илјади низ целиот свет со тоа што ќе биде потранспарентна за новиот коронавирус, тврди американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„Кина можеше да го поштеди светот од глобален економски колапс. Тие имаа избор, но наместо тоа – Кина го скри избувнувањето на вирусот во Вухан, изјави Помпео пред новинарите, пренесе Ројтерс.

Државниот секретар исто така тврди дека „Кина продолжува да одбива да ги споделува информациите што ни се потребни за да ги сочуваме луѓето безбедни“.