Државниот секретар на САД, Мајк Помпео ги издвои Кина и Северна Кореја како земји каде што се случуваат „лоши работи“, бидејќи властите негираат информации за населението.
„Гледајќи што се случува во другите земји каде овие денови се негираат информациите – без разлика дали се работи за Северна Кореја или Кина, каде луѓето немаат пристап до основните информации – можете да видите дека лоши работи се случуваат таму“, рече Помпео.
„Комунистичката партија на Кина се обиде да ја потисне информацијата за коронавирусот, за тоа каде прво се појави, како сето тоа започна и како се пренесува меѓу луѓето, па дури и ја искористи Светската здравствена организација за ширење на таа теза“, додаде Помпео.
Властите во Северна Кореја тврдат дека во таа земја нема потврдени случаи на коронавирус и, барем јавно, тие ја одбија помошта од Соединетите држави во борбата против пандемијата.