Помпео: Мадуро бил подготвен да ја напушти Венецуела, Русите побарале да остане

од desk4
111 прегледи

Американскиот државен секретар Мајк Помпео тврди дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро бил подготвен да ја напушти земјата во вторникот изутрина пред повикот на водачот на опозицијата Хуан Гуаидо, но дека тој го смени својот план по интервенцијата на Русија.

-Тие имаа авион на пистата. Беше подготвен да замине утрото. Русите посочија дека треба да остане, изјави Помпео во интервју за Си-Ен-Ен.

Според него, Мадуро требало да замине во Хавана.