Помпео: Постојат многу докази дека вирусот доаѓа од лабораторија во Вухан

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денес дека има многу докази дека коронавирусот корона потекнува од лабораторија во Вухан, а не од блискиот пазар.

„Постојат многу докази дека започна таму. Велевме од почеток дека вирусот потекнува од Вухан“, рече Помпео за АБЦ.

Сепак, тој не кажа директно дали смета дека коронавирусот е намерно ослободен.

Помпео додаде дека нема причина да се сомнева во ставот на американското разузнавање дека короната не е создадена од луѓето и дека вирусот не е генетски модифициран.

Тој рече дека кинеската страна не дозволува пристап до информации од значење и дека ова не е прв пат светот да биде изложен на вируси заради, како што рече, „неуспеси во работењето на кинеските лаборатории“.