286
Американскиот државен секретар Мајк Помпео повика денеска на соработка во борбата за соборување од власт на венецуелскиот претседател Николас Мадуро со цел да се стави крај на долгогодишната криза во јужноамериканската држава.
– Треба да прекине тиранијата на Мадуро, која е штетна за граѓаните на Венецуела и влијае врз целиот регион, изјави Помпео по средбата со претседателот на Колумбија, Иван Дуке во Богота.
Помпео треба денеска во Колумбија да оствари средба и со опозицискиот лидер на Венецуела, Хуан Гуаидо.
Во меѓувреме е потврдено дека в среда во Брисел Гуаидо ќе се сретне и со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.
Гуаидо ќе допатува во Европа, каде ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос.