Помпео: САД не и даде зелено светло на Турција за акција во Сирија

од desk3

САД не им дадоа „зелено светло“ на Турција за офанзивата во северна Сирија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува BBC.

Тој истакнал дека Турција е соочена со „терористичка закана на југот на земјата“, но известувањата дека добила поддршка од САД за напад се лажни.

„САД не им дадоа зелено светло на Турција“, посочил Помпео.

Турските војници и нивните сириски сојузници влегоа синоќа во северо-источна Сирија како дел од офанзивата што ја започна Анкара против курдските милиции.Турција започна воена операција против курдските сили со воздушни напади и артилериско гаѓање во области во североисточна Сирија.

Слични содржини