Помпео: САД се длабоко загрижени за ситуацијата во Белорусија

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Соединетите Американски држави остануваат длабоко загрижени за „сериозните пропусти“ на претседателските избори во Белорусија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео. Тој додаде дека Вашингтон ги поддржува меѓународните напори за независно разгледување на изборните нерегуларности.

„САД го поддржуваат принципот на слободни и фер избори што ја рефлектираат волјата на народот во Белорусија. Тој принцип не беше почитуван на изборите на 9 август. Ние ги поддржуваме меѓународните напори за самостојно испитување на изборните нерегуларности во Белорусија, кршење на човековите права и пресметките кои следеа“, рече Помпео, пренесува Гласот на Америка.

Белорусија се соочува со најголемата политичка криза од распадот на Советскиот сојуз. Десетици илјади демонстранти ја отфрлаат победата на претседателот Александар Лукашенко на изборите на 9 август, за кои неговите противници тврдат дека биле лажирани.

Помпео рече дека остро го осудува насилството врз мирните демонстранти и новинари во Белорусија, како и апсењето на кандидатите од опозицијата и демонстранти. Тој исто така побара тие што се „неправедно приведени“ веднаш да бидат ослободени и да се утврди судбината на исчезнатите.

Слични содржини