Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД се подготвени да преземат воена интервенција за да ги сопрат актуелните нереди во Венецуела.

– Воена акција е можна. Доколку се бара тоа, САД ќе го направи – рече Помпео за Фокс бизнис, пренесе Ројтерс.
Сепак, додава тој, САД се повеќе за мирна транзиција на моќта во Венецуела, отколку за воена акција.