Помпео: Сакаме мирно решение на тензиите со Иран

од desk4
101 прегледи

  Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД сакаат мирно решавање на тензиите со Иран, додавајќи дека Техеран треба да донесе таква одлука.

– Ние сакаме мирно решение со Исламската Република Иран и се надеваме дека тоа е можно. На крајот, останува на Иранците да донесат таква одлука, изјави Помпео на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Помпео додаде дека САД се надеваат дека ќе добијат шанса да преговараат со иранските власти за да излезат со добро решение за обете страни.