Помпео: Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија за НАТО

од Vladimir Zorba

Државниот секретар на САД Мајк Помпео ја поздрави одлуката на Сенатот на САД за ратификација на Протоколот за влез на нашата земја во НАТО, објави Стејт департментот.

„Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница.
Усвојувањето на пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО во Сенатот ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност и претставува важен чекор напред во напредокот на Северна Македонија кон членство во НАТО. – се вели во изјавата на Помпео.

Слични содржини