
„Јас соработував со Русија, бидејќи работев за ЦИА и убеден сум дека Русија и Соединетите држави можат успешно да работат заедно во голем број области, вклучувајќи ја и борбата против пандемијата и тероризмот, без оглед на постојните несогласувања“, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео.
– Од времето кога бев директор на ЦИА, тесно соработував со Русија, спречувајќи терористички напади. Таа земја ни помогна со тоа што ни обезбеди информации и спаси животи на Американци. Ние, од друга страна, им помогнавме на Русите да го спречат терористичкиот напад што се подготвуваше во Санкт Петербург – посочи тој, зборувајќи за успешна соработка со Русија во борбата против тероризмот.
Американскиот државен секретар се осврна и на соработката меѓу Русија и Соединетите држави во борбата против коронавирусот и рече дека Соединетите држави испратиле медицинска опрема во Русија.
– Драго ни е што можеме да и помогнеме на Русија во борбата против вирусот. Кога пред околу една недела претседателот (Доналд Трамп) разговараше на телефон со претседателот (Владимир Путин), Трамп реши да им даде сериозна помош на Русите. Опремата за тестирање и респираторите веќе се на пат (кон Русија) – рече Помпео.
Тој, исто така, потсети на постоењето несогласувања меѓу двете земји.
– Кога соработуваме со Русите за овие прашања, ние им кажуваме што точно очекуваме – заклучи тој.