173
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска допатувал во ненадејна посета на Ирак, објавија локалните медиуми.
Помпео ја посетил воздухопловната база Ајн ал Асад во провинцијата Анбар, каде се распоредени американски војници.
Повеќе детали за неговата посета не се соопштени, вклучувајќи и дали се предвидени средби на американскиот државен секретар со ирачки претставници, имајќи предвид дека и претседателот и премиерот на земјата се во оставка.