Ѕвездата на Барселона, Рафиња целосно ја загуби контролата по синоќешното реми помеѓу каталонскиот тим и Бетис, што го забележаа многу гледачи на стадионот.
Прво Роберт Левандовски се обиде да го смири, а потоа и другите играчи кои застанаа меѓу него и помошниот судија за да спречат понатамошен конфликт.
Тој се упати кон соблекувалната каде го пречека Ханси Флик кој сакаше да го поздрави и смири, но Бразилецот не сакаше ниту да го послуша и побегна од неговата прегратка што е можно побрзо.
Сè продолжи на патот кон соблекувалната, каде што главната улога ја имаше капитенот на тимот, Марк-Андре тер Штеген, со кој Бразилецот за малку ќе се пресметаше физички.
Германецот се обиде да го смири, но Рафиња не сакаше ниту да слушне за таква можност и реши да му ја тргне раката на Тер Штеген.
На крајот Тер Штеген и Флик го придружуваа до соблекувалната и спречија поголем инцидент.
„Беше лут на мене, не на судиите и ми викаше на мене“, иронично го коментираше Флик инцидентот со најдобриот играч на крајот од натпреварот.
Да додадеме дека Барселона ремизираше со Бетис, беше 1:1, па каталонскиот тим ја зголеми предноста во однос на Реал, која сега изнесува четири бода.