Поништена одлуката за распуштање на Собранието

од Vladimir Zorba
109 прегледи

USTAVEN-SUD-1

Уставниот суд донесе одлука да се поништи одлуката со која беше распуштено Собранието на 7 април. Сите девет судии едногласно го прифатија предлогот на пратеникот на ДУИ, Талат Џафери. Мината среда беше поведена постапка и беше изразено сомневање дека одлуката за самораспуштање на Парламентот е против уставна и беше изречена времена мерка за стопирање на сите дејствија што произлегуваат од неа, а тоа се одлуката за распишување избори на 5 јуни и преземените изборни дејствија од страна на Државната изборна комисија.

Веднаш штом беше поведена постапка, уште истиот ден Собранието закажа седница на која го измени Законот за помилување.

Денешната одлука влегува во сила со објавувањето во службен весник, со што престанува да важи времената мерка.