Поништено е судењето за Марадона, случајот ќе се разгледува од почеток

од Љубиша Владимиров
7 прегледи

Судењето во случајот со смртта на фудбалската легенда Диего Марадона беше прекинато откако еден од тројцата судии поднесе оставка поради притисокот и критиките од јавноста поврзани со неговото учество во документарен филм за случајот. Судот имаше можност да го замени судијата или да го поништи тековното судење, а одлучи да го поништи процесот. Меѓу седумте обвинети се личниот лекар на Марадона, неврохирургот Леополдо Луке, психијатарот Агустина Косачов, психологот Карлос Анхел Дијаз, докторката Ненси Едит Форлини, клиничкиот лекар Пабло Ди Спања и неколку медицински сестри, кои се обвинети за убиство од небрежност.

Доколку бидат прогласени за виновни, тие може да добијат затворски казни од осум до 25 години. Осмата обвинета, медицинската сестра Дахијана Мадрид, ќе биде судена одделно во јули оваа година. Диего Марадона почина во ноември 2020 година во својот дом, од срцев удар. Тој имаше 60 години и се опоравуваше од операција за отстранување на згрутчување на крвта, која му беше извршена неколку дена претходно.

Слични содржини