На дестина минути пред истекот на одлуката за самораспуштање , пратениците на македонскиот парламент ја оддржаа седницата со која сами си ја поништија одлуката за самораспуштање на парламентот, кои и самите си ја гласаа ,тогаш под притсок на власта.
![]()
Сега на иницијатива на пратениците на ДУИ и ДПА , а под притисок на меѓународната заедница тие повтотно сами си ја поништија одлуката дека не се самораспуштаат која беше донесена на 18 јануари, а распуштањето требаше да се спроведе денес по полноќ.
Со оваа заседание и се поништи долго најавуваниот датум за избори , согласно претходната одлука исто на парламентот, на 24 април, со што пак се потврдија тврдењата на опозицијата и на меѓународните гарантори на договорот од Пржино, САД и ЕУ, дека има услови за оддржување на фер и кредибилни избори.Сега според роковите изборите би требало да се оддржат на 5 јуни.
За иницијативата и отповикувањето на одлуката за самораспуштање гласаа пратениците на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ И ДПА, а СДСМ не гласаа за иницијативата, бидејќи како што истакна координарот на СДСМ Сугаревски , -сами си ја донесовте без нас сами и поништете си ја !
Опозиционерите најавија дека нема да гласаа ниту за измена на изборниот законик, затоа што во него е фиксиран датумот 5 јуни, и она што е суштински не се постигна договор за медиумите, претходните пазарења меѓу власта и опозицијата со посредство на меѓународните посредници.
На оваа заседание на парламентот, денеска му претходеа многу преговори и разговори во парламентот, во канцеларијата на унија , а амбасадорот Џес Бејли и европаратениците влегоа дури и во седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Вечерва заседаваше и Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на кој е донесена одлуката да се прифати поместувањето на датумот за избори.
На истата седница на 10 минути пред полноќ беше констатирано и повлекувањето на дадените оставки на минстрите и замениците министри од опозиционата СДСМ, кои претходно дадоа условни оставки ако не се промени одлуката за избори на 24 април и самораспуштање на парламентот.
За половина лас се очекува по комисиската формалност да биде и поништен 24 април како ден за избори и да се изгласа 5 јуни како нов датум за предвремени парламаентарни избори.
Единствена енигма за сите е непојавувањето на лидерот на владеачката ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски кој овие неколку дена одбива контакти со јавноста како и со меѓународните претставници.