Пониски цени за телевизиите кон операторот

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Ќе се преполови цената што телевизиите ја плаќаат на операторот кој дигитално ги пренесува нивните содржини.

249088

Агенцијата за електронски комуникации подготвила Нацрт документот со кој треба да се определи точната цена што телевизиите треба да ја плаќат на операторот што ги пренесува. На оваа тема денеска во АЕК имаше и јавна расправа со сите заинтересирани страни. Ценовникот треба да биде официјално објавен до крајот на месецот, и ќе биде поставен на интернет странат на АЕК, по што веднаш стапува на сила.

„Во моментов цената беше определена во тендерската процедура пред три години и таа беше според нас доста висока и затоа го презедовме овој чекор за пресметка на цената. Сега во Нацрт документот (ќе видиме на крај се разбира колку ќе биде во финалниот документ), во Нацрт долументот предвидуваме дека нешто повеке од 50 проценти треба да биде намалена цената, што ги рефлектира всушност вистинските трошоци кој што ги има операторот и кој што ние сметаме дека е сосема фер цена. Цената која што беше добиена на тендер е некаде околу 156 илјади евра на годишно ниво за националните телевизии, за пренос од 2 мегабити во секунда, а сега ние сметаме дека треба да биде нешто повеќе од 77 илјади евра за истата услуга“, рече Влатко Ристевски, АЕК./Алсат-М