Пониски цените на индустриските производители на домашниот пазар

од desk3
91 прегледи

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво, односно за 0,7 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

metalska-industrija

Во февруари 2016, во споредба со јануари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 отсто.

Во февруари 2016, во споредба со февруари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто и Енергија за 0,1 отсто./МИА