Растот на вработеноста во САД во поголемиот дел од минатата година беше значително послаб од првично проценетото, покажуваат податоците на американското биро за статистика на трудот (BLS).
Прелиминарното годишно истражување на податоците за вработеноста сугерира дека во март имало 818.000 работни места помалку во САД од првично објавеното, пренесува Мина.
Податоците укажуваат на значително помал раст на бројот на работни места во секторот професионални и деловни услуги, поточно 358.000 помалку во споредба со претходната проценка.
Тоа е најголемата ревизија на податоците од 2009 година, што укажува дека американскиот пазар на труд не е толку „прегреан“ како што се очекуваше, а новите информации дополнително би можеле да ја поттикнат Федералните резерви да ги намали каматните стапки.
Уште минатиот месец, претставниците на ФЕД беа блиску до одлука за намалување на каматните стапки на претстојниот состанок во септември, според записникот од нивниот состанок на крајот на јули. Неколку функционери дури, наводно, биле подготвени веднаш да ги намалат трошоците за задолжување.