Понудено е решение за прекин на штрајкот во Пошта – ветено покачување на платите од 1-ви јуни

од Берта Китинска
495 прегледи

Зголемување на платите за 3.000 денари за вработените во технолошкиот процес во „Македонска Пошта“ од 1 јуни , а за останатите од администрацијата 1 август. Ваков предлог добил Синдикатот на поштата од страна на раководството за прекин на штрајкот кој почна денес.

–Тука се членовите на Управниот одбор со кои ќе имаме состанок, а нивниот предлог е прво линеарно зголемување на платите на технолошкиот процес од 1 јули, а со оглед на финансиските можности на компанијата за останатите вработени во администрацијата зголемувањето да биде од 1 август, што би се исплатило во септември. Со тоа, денеска со Синдикалните одбори, штом ја добиеме понудата од Управниот одбор ќе разговарами и ќе изготвиме спогодба и доколку се прифати понудата од УО штрајкот ќе биде прекинат – рече Боро Велигденов претседател на Синдикатот на пошта на денешната прес-конференција.

Генералниот директор Јани Макрадули вели дека ќе се изготви спогодаб кога же биде доставен официјалниот предлог.

-Откако предлогот ќе биде доставен официјално ќе биде разгледан од синдикалните одбори, ќе изготвиме спогодба и доколку се прифати понудата и се потпише спогодбата штрајкот ќе биде прекинат, информира претседателот на Синдикатот на Македонска пошта Боро Велигданов на заедничка прес-конференција со членовите на УО и генералниот директор Јани Макрадули.

До потпишувањето на спогодбата, штрајкот е во тек, изјави Велигденов.

Слични содржини