Попис 2021: Три отсто од вкупното население има двојно државјанство – освен македонско, најмногу имаат и бугарско

од Берта Китинска
329 прегледи

Околу три проценти од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство. Најголем дел од нив, околу 37 проценти, освен македонско имаат и бугарско државјанство, додека половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години и активно население од 35 до 49 години, покажуваат податоците од Пописот 2021, објавени денеска од државјанство, објави Државниот завод за статистика.

-Од вкупното резидентно население 1.778.725 лица се државјани на Македонија, 53.201 се државјани на Македонија и друга држава, 4.203 се државјани само на друга држава, а 584 лица немале државјанство, информираат од ДЗС.

Оттаму посочуваат дека двојно државјанство повеќе имаат мажите – 30.003, отколку жени – 23.198, државјани на друга држава кои живеат во нашата земја се повеќе жени – 2.824, од мажи – 1.379.

-По старосни групи, најголем дел од резидентното население со двојно државјанство се на возраст од 35 до 39 години – 5.190 лица. Половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години – 11.768 или 22 отсто и активно население од 35 до 49 години – 15 171 или 28,5 проценти.Од вкупно 53 201 граѓанин со двојно државјанство, најголем дел 19.645 освен македонското, имаат и бугарско, по што следат 10.909 и со српско, 3.819 и со хрватско, 2.393 и со косовско и 2.164 и со албанско државјанство.Според етничката припадност, најголем дел од граѓаните со двојно државјанство се Македонци – 58,8 проценти, потоа Албанци 16,04 отсто и Срби – 10,7 проценти, велат од ДЗС.

Слични содржини