Попис во Црна Гора: Намален бројот на Македонци

од Nikola Popovski
88 прегледи

Според резултатите од пописот одржан во декември минатата година, најмногу граѓани на Црна Гора се изјасниле како Црногорци – 41,12 отсто (256.436). По нив следат Србите со 32,93 отсто (205.370), додека 9,45 отсто од граѓаните (58.956) се изјасниле како Бошњаци.

4,97 отсто од граѓаните (30.978) се изјасниле како Албанци, 2,06 отсто (12.824) како Руси, а 1,63 отсто (10.162) како муслимани. Како Македонци се изјасниле 834 граѓани или 0,13 отсто.

Ова беше објавено на денешната прес-конференција на тамошната Управа за статистика – Монстат.

Пописот на населението во Црна Гора опфатил вкупно 667.650 граѓани.

На последниот попис во 2011 година, 0,18 проценти (1.154) се изјасниле како Југословени, како Руси 0,15 проценти (946), како Македонци 0,14 проценти (900), како Босанци 0,06 проценти (427)…

Кога ќе се споредат резултатите од пописот одржан минатата година и оној од 2011 година, може да се види дека има 22.429 помалку Црногорци и 27.260 повеќе Срби.

Споредбата покажува и дека бројот на Бошњаците се зголемил за 5.351, Албанците за 539, а Русите на дури 12.824.

Слични содржини