Попишувачи ќе носат скафандери, маски и дезинфекција, протоколите се јавно објавени

од Берта Китинска
408 прегледи

Во статистичката операција која треба да се спроведе од 1 до 21 април ќе бидат испочитувани сите протоколи за попис кои се јавно објавени.

-Имате ситуации со лица во самоизолација, имате позитивни, имате ситуација каде има и заразени и здрави лица. Затоа некаде ќе се носат и скафандери при попишувањето. Ќе знаеме на кои адреси какви лица има и ќе делуваме. Имаме голема количина средства за дезинфекција, имаме маски, мантили, скафандери и сето она што е неопходно. На терен попишувачите ќе имаат средства за секаква дезинфекција, како за маските, така за компјутерот и за сето останато, објасни , директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во „Само вистина“

Тој нагласи и дека попишувачот мора да носи маска, да дезинфицира рацете пред да влезе, но и да ги замоли домаќините да стават маска.

Воедно во вчерашното гостување на Канал 5 тој соопшти дека помеѓу попишувачите има заразени четворица инструктори , кои се инфицирале од своите сопружници, но тоа според Симовски  не е пречка да се реализира попишувањето.

Слични содржини