Пописот докажа дека со ДУИ во Владата, бегството на Албанците е масовно, вели Хоџа

од Берта Китинска
297 прегледи

Движењето Беса уште еднаш го потврдува својот политички став дека процесот на попис на населението е и треба да остане само статистички, а колективните законско-уставни права на етничките заедници, во овој случај на Албанците, треба да произлегуваат од бројот на жители што се државјани на државата, а не по бројот на резидентни жители во државата, вели Аријанит Хоџа од БЕСА.

-Преку нашата анализа на последниот попис на населението во земјата произлегуваат некои пораки што сакаме да ги споделиме како загриженост со јавноста.

Прво: формата, начинот и водењето на процесот помина во целосна тајност, а процесот на одложување, односно прекин на процесот и пречките со кои се соочуваа граѓаните за пријавување, особено оние во дијаспората, го губи кредибилитетот на пописот како процес. Оттука, се сомневаме дека овој процес се претвори во политичко пазарење помеѓу СДСМ и ДУИ, како и многу други прашања во минатото, кои, за жал, докажаа дека при секое политичко пазарење на ДУИ последиците се долгорочни за Албанците во државата.

Второ: ако тргнеме од статистичките податоци што произлегуваат од овој попис, на површина излегува една голема вистина, која континуирано ја иницираме како грижа, а тоа е дека во сите овие години на владеење на ДУИ, Албанците масовно си заминаа од родното место“, изјави Хоџа.

Како што рече тој, погрешните политики, корупцијата, непотизмот, партизацијата на сите институции принудија многу семејства, но, пред сѐ, многу млади луѓе да ја напуштат државата.

„Факт е дека колку подолго ДУИ ги води државните институции преку неспособни луѓе, партиски приврзаници и оние чии главни заслуги се послушноста кон партијата, толку повеќе Албанци ќе ги напуштат своите родни места.Овој процес на масовен егзодус на Албанците мора итно да се запре, тоа се прави со создавање подобри услови за живеење, економска благосостојба, отворање нови работни места, но сето тоа може да се случи само со отстранување на ДУИ од власт, поконкретно на нејзините преставници во Владата“, изјави тој.

Слични содржини