Пописот може да се одложи само преку две варијанти, вели Апасиев

од Nikola Popovski
300 прегледи

Лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев денеска изјави дека постојат две варијанти за одложување на пописот.

„Или тоа да го стори Собранието, кадешто не би можело да има блокада, бидејќи би одел со „европско знаменце“ за два до три дена. Во случај да не може тоа да се постигне, мислам дека ќе се оди преку Уставниот суд, односно со постапување по Иницијативата на Левица – поништување на Законот за попис, или негово укинување со времена мерка мораториум – ставање вон сила. Таква историја имавме кога се распушти Собранието, па потоа со одложено дејство се обидоа да продолжат и во таа ситуацијата тогашниот пратеник Џафери има поднесено иницијатива која што Уставниот суд ја освои. Во овој случај, Левица поднесе иницијатива“, потенцира Апасиев.

Лидерите на двете опозициски партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, на денешната прес-конференција најавија дека ќе го искористат Бадентеровиот принцип да го блокираат одложувањето на пописот.

„Нема да го дозволиме одложувањето на пописот. Имаме механизам да спречиме промена или одложување на Законот за попис преку Бадинетеровото мнозинство. Пописот треба да продолжи, не треба да се одложува. Аргументите поврзани со пандемијата не држат, бидејќи процесот на попишување не е поразличен од прес-конференцијата што денеска ја имаме тука. За пописот постои закон, кој треба да се почитува и спроведе до крај, изјави денеска Села.

Слични содржини