469
Собранието по дводневна расправа ги усвои законските измени за одложување на пописот.
Измените и дополнувањата на Законот за попис беа донесени со 95 гласа „за“, а „против“ гласаа 12 пратеници. Во рамки на гласањето по Бадентер, 26 пратеници од заедниците гласаа „за“, додека 12 (колку што брои коалицијата Алијанса/Алтернатива во парламентот) беа „против“.
Статистичката операција се одложува по договорот Заев-Мицкоски. Според измените, пописот ќе почне на 05 и ќе трае до 30 септември.