136
Управа за хидрометеоролошки работи за попладне најавува нестабилно време на повеќе места проследено со пороен дожд и грмежи.
„Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер од над 60 километри на час и појава на град“, предупредува УХМР.
Температурата ќе се движи во интервал од 26 до 37 степени.
Во делови од Скопје попладне се очекува нестабилно време со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Слично време не очекува и утре, со тоа што врнежите во попладневните часови ќе престануваат. Но, силниот ветер ќе продолжи и во текот на утрешниот ден како и во петок.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.