Денес ќе се задржи многу топло време и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури. Како што информираат од УХМР, во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 14 до 23 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 30 до 40 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.
Времето во Скопје слично како вчера. Во делови од котлината попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на кусо невреме. Температурата ќе достигне до 40 степени Целзиусови.
Се санираат штетите од невремето, проследено со дожд и силен ветер, што вчера попладне зафати делови од Скопје. Во одредени општини беа поплавени куќи и улици, а имаше и паднати дрвја и бандери.
Два 110-киловолтни далековода, кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, беа без напон, поради што дел од Скопје, особено Ново Лисиче се уште е без електрична енергија, соопштија од електродистрибуција.