Попладнево 4 активни пожари, меѓу нив не е пожарот кај Желино

од desk2
33 прегледи

Според Центарот за управување со кризи, до 18.30 часот на територијата на земјава имало 4 активни пожари, 2 под контрола и уште 9 пожари регистрирани од утрово во 18.30 часот биле изгаснати

🔴 Активни пожари: 4
1. Општина Чашка – над Богомила (мешана шума)
2. Општина Куманово – с. Слупчане (нискостеблеста шума)
3. Општина Студеничани – с. Дречавица (шумски пожар во планински терен)
4. Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума)

🟡 Под контрола: 2
1. Општина Долнени – с. Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума)
2. Општина Желино – с. Церово (мешана шума)

✅ Изгаснати пожари: 9
1. Општина Берово – Планина Готен кон Малешевските планини (бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Брвеница – с. Милетино (запалени ниви)
3. Општина Струмица – с. Доброшинци (депонија)
4. Општина Гевгелија – с. Прдејци (деградирана ниска вегетација)
5. Општина Куманово – Стара Циглана (деградирана ниска вегетација)
6. Општина Крушево – Градски гробишта (деградирана ниска вегетација)
7. Општина Долнени – с. Дебреште (депонија и нискостеблеста вегетација)
8. Општина Струга – с. Долна Белица (деградирана ниска вегетација)
9. Општина Студеничани – мостот на Маркова Река (ниска вегетација)

Слични содржини